Почина писателот и новинарот Петко Шипинкаровски

Од:

Во Струга денеска почина македонскиот писател Петко Шипинкаровски.

Роден е на 22 септември 1946 година во битолското село Будимирци, но повеќе од 40 години живееше и твореше во Струга.

Автор е на многу романи, романизирани монографии, раскази, поезија, драма, раскази за деца, критики и есеи. Неговото плодно творештво со над 20 објавени авторски изданија е значаен придонес во вредносниот систем на современата македонска литература.

Неговите романи, раскази, песни и есеи преведени се на повеќе јазици, особено внимание кај меѓународната јавност предизвика неговиот роман „Утринска молитва“ посветен на животот на битолските евреи. Добитник е на многубројни меѓународни литературни награди и признанија.

Тој беше член на Македонското друштво на писатели, како и на Здружението на новинарите на Македонија. Шипинкаровски беше и претседател на Културниот центар „Бран“ од Струга што 20 години ја издаваше меѓународната ревија за литератира „Бранувања“, како и организатор на „Струшките книжевни средби“, манифестација со меѓународно учество на автори кои дискутираа на одредени актуелни теми.

Погребот ќе се изврши утре во 13 часот, на градските гробишта во Струга.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска