Почина писателот Александар Ежов

Од:

Друштвото на писателите на Македонија соопштува дека денеска, по долго боледување, во Скопје почина писателот Александар Ежов. Посмртните останки на Александар Ежов ќе бидат погребани утре (вторник, 18 ноември) во 12 часот на гробиштата „Ѓорче Петров“.

Александар Ежов е роден во 1928 година во Прилеп. Припадник е на генерацијата критичари која во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век остави силен печат во книжевнииот живот, посебно на страниците на литературната периодика.

Александар Ежов во тие години, познати како период на македонската книжевна конфронтација, беше уредник во издавачката куќа „Македонска книга“ и на списанието „Современост“. Член на ДПМ беше од 1958 година.

Би можело да ве интересира

Почнува традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“

Ана Ололовска

„Звуците на културата“ од 20 до 22 септември во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Работилница за филмски маркетинг со Матијас Ношис, основач на „Алфапанда“

Ана Ололовска

Манифестација „Ракотворци чувари на традицијата – наше богатство и гордост“

Ана Ололовска

Со свечена академија завршуваат 20. „Денови на света Мајка Тереза“

Ана Ололовска

Проект „Градски Викиклуб“ за теми од германската култура

Ана Ололовска

Leave a Comment

six + four =