Почина нобеловецот Шејмас Хини, лауреат на Струшките вечери на поезијата во 2001

Од:

На 74 години денеска почина ирскиот поет, драмски писател, преведувач и нобеловец Шејмас Хини, кој во 2001 година го доби „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Дирекцијата на фестивалот Струшки вечери на поезијата во соопштение истакна дека Хини преку неговото литературно дело  вечно ќе остане запаметен како еден најзначајните поети од втората половина на 20-тиот и почетокот на 21 век.

– Вечен ќе биде споменот  за овој великан на светското поетско творештво во  Струга и Македонија. Ќе продолжи да живее дрвото засадено од неговата рака, а засекогаш нераскинливо ќе биде неговото творештво кое преку Струшките вечери на поезијата им беше приопштено и на македонските читатели, соопшти фестивалот.

Шејмас Хини е роден во Мосбон,  Северна Ирска, во 1939 година. Добитник е на голем број меѓународни награди, меѓу кои и на Нобеловата за литература во 1995. Внимание привлекол уште со првата поетска збирка „Смртта на природословецот“ (1966). Автор е и на книгите: „Врата кон темнината“ (1969), „Презимување“ (1972), „Остров на ходочастија“ (1984), „Глогов фенер“ (1987), „Привиденија“ (1991).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ