Комеморација во спомен на маестро Милан Завков

Од:

НУ Танец извести дека утре, 8 февруари 2023, среда, ќе се одржи Комеморативен собир во спомен на врвниот инструменталист и музички автор, Милан Завков. Комеморацијата ќе започне во 10 часот во Фоајето на Националната опера и балет, а последното испраќање ќе се одржи во 12 часот, во капелата на Градските гробишта во Бутел.

Eден час потоа ќе биде извршено и погребувањето на посмртните останки.

– Маестро Милан Завков почина ненадејно вчеравечер, во 61-та година од животот. Зад себе остави многу врвни изведби и антологиски музички творби. Колегите загубија извонреден колега, а сопругата и ќерките, прекрасен сопруг и татко, велат од НУ Танец.

Би можело да ве интересира

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“

Почина бодибилдерот Мирко Петровски

Катерина Ѓуровски