Почина Јовица Станковски – археологот кој го промовираше и истражуваше Кокино

Од:

Почина археологот Јовица Станковски од Куманово, соопштија денеска членови на неговото семејство и колегите од НУ Музеј Куманово. Станковски е познат во македонската јавност како археолог, кој го промовираше и истражуваше Кокино.

Роден е на 13 јануари 1949 година во Куманово, дипломирал на Машинскиот факултет, а во 1986 и на Историја на уметност со археологија. Станковски бил претседател на републичкиот СИЗ за култура, директор на кумановскиот Театар и на кумановскиот Музеј во два наврата, беше советник во Советот на Општина Куманово.

Станковски учествувал и самостојно публикувал бројни трудови за праисториско светилиште во Шопско Рударе, за „Татиќев Камен“ односно Кокино уште во 2002 година, за мегалитните споменици во кумановско, придонел за проучување на објектот од Стоби, за „Долинац“… Издал каталози за локалитетот Кокино во три наврати, во 2005 и два пати во 2007 година.

Погребот ќе се изврши утре на Градските гробишта во Куманово во 13 часот.

Би можело да ве интересира

Археолози пронајдоа траги од канабис во древен храм во Израел

Ана Ололовска

НУ „Стоби“ очекува олабавување на мерките за да го овтори археолошкиот локалитет и да ги реализира проектите

Ана Ололовска

Штипските археолози по четири децении ќе работат на локалитетот „Кале“ кај Крупиште

А1он

Меѓународна финансиска поддршка за обнова на Хераклеа во Битола

Ана Ололовска

Во праисторијата бебињата пиеле млеко од овца и крава

Ана Ололовска

Завршија археолошките ископувања на локалитетот Црквиште

Ана Ололовска