Почина чешкиот режисер Јиржи Менцел

Од:

Познатиот чешки режисер и глумец Јиржи Менцел почина на 82-годишна возраст, објави вчера неговата сопруга Олга на Фејсбук.

Менцел беше познат по филмовите кои комбинираа хуманистички поглед на светот со сарказам и провокативна сатира. Тој беше важен дел од чешкиот „нов бран“.

Неговиот филм „Строго контролирани возови“ (Ostre sledované vlaky)1966 година го освои Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а комедијата „Моето мало село“ (Vesnicko má stredisková) од 1985 година беше номинирана во истата категорија.

Како режисер се потпиша зад 29 продукции, а глумел во 80 филмски и ТВ-проекти.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето