По повод „28 Септември – Меѓународен ден на Бошњаците“ објавена Антологија „Мостови на пријателство“

Од:

По повод одбележувањето на „28 Септември – Меѓународен ден на Бошњаците“, по претходните четири изданија на „Диван“ со ист наслов, од печат излезе изборот на најдоброто од претходните изданија: Антологија „Мостови на пријателство“.

-Во Антологијата се застапени песни на 138 автори од 17 земји, од Америка до Австралија со што се потврдува нејзиниот меѓународен карактер и значење. Најголем број од авторите се од Северна Македонија, односно 83 автори кои создаваат на босански, македонски, албански, турски, влашки јазик и др. Најголем број на песни се пишувани на босански и македонски јазик со што книгата е значаен придонес за бошњачката и македонската книжевност, но и на книжевноста во целина, информира здружението „Диван“.

– Убавината е и во сличностите и во различностите. Кога избирате од одбраното квалитетот е неспорен, а со тоа димензијата на напишаното станува антологиска, секој стих, секоја песна. Затоа нема да издвојувам стихови, сите се квалитетни и секоја песна на свој начин праќа универзални и космополитски пораки да светот биде подобро и поубаво место за сите, пишува во делот од рецензијата доц. д-р Зеќир Рамчиловиќ.

-Преку поезијата испраќаме порака дека сме најсилни кога сме сите заедно, а нашиот мултикултурализам и мултијазичност се нашето богатство, а пораките со кои се градат мостови на пријателство универзални. Благодарност до Агенцијата за остварување на правата на заедниците што ги препознава овие вредности и што ја помогна реализацијата на овој проект, порачуваат од здружението „Диван“, честитајќи го Денот на Бошњаците.

Печатењето на Антологијата е подржано од страна на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска