Писателите Ана Голјешка и Ѓоко Здравески ќе одржат работилница во Струмица

Од:

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, како дел од проектот LITERA ARTE: работилници за креативно пишување, финансиски поддржан од општина Струмица, секторот за ЛЕР на општина Струмица со Програмата G1 за поддршка на здруженија и фондации, на 5 февруари, во четврток во 20:00 часот во просториите на Дом на АРМ организира средба со младите писатели Ана Голјешка и Ѓоко Здравески.

На оваа средба и работилница, учесниците и гостите ќе имаат можност да се запознаат со творештвото на Ана Голјешка и Ѓоко Здравески, со начинот на кој тие творат, што е она што ги мотивирало да се занимаваат со оваа професија, но истовремено и да поразговараат со нив лично за она што ги инспирира да бидат автори.

Ана Голејшка е родена 1987 година, дипломка на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, (не)случаен поет, љубител на перформансот. Настапувала на многу поетски читања, а имаше свој настап и на Струшките вечери 2011, на Ноќи без интерпункција. Нејзини дела се најдоа во изборот на Антологијата на најмлдата македонска поезија и проза – Ветерот носи убаво време, (2012) и Антологијата на млада македонска современа авангардна поезија (2012).

Нејзината прва стихозбирка, „Љубов на улица“, излезе од печат во септември 2013 година, во издание на книгоиздателството „Култура“.

Ѓоко Здравески е роден 1985 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работи како лектор за македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш и редовно патува со Ниш експрес.

Пишува поезија, кратка проза и есеи, а најдолго и најпосветено го пишува својот магистерски труд. Има објавено две книги поезија: Палиндром со две н (2010) и куќичка за птици-преселници (2013). Заедно со уште неколку поети од Србија и од Македонија ја има објавено книгата Торту кроз прозор (поезија, 2010).

Неговите стихови се објавени во неколку антологии на младата поезија: Ван кутије, антологија нове поезије ЈУ-простора, (2009), Нов македонски хаику-бран (2011), Ветерот носи убаво време, антологија на најмладата македонска поезија и проза (2012), Лирски додекамерон, антологија на младата македонска поезија (2012). Преведуван е на српски, хрватски, словенечки и англиски јазик.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска