Петто издание на фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“

Од:

Во Занаетчиски дом – Куманово вечер од 20 часот започнува петтото издание на Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ 2023 што ќе трае до утре.

Како што информираат организаторите, на фестивалот ќе бидат прикажани 16 филмови помеѓу кои хрватскиот „Железна уста“, „Досие“ (Иран), „Цреши“ и „Техно, мама“ од Литванија, мексиканскиот „Онан“, „Никој“ (Португалија), „40 минути“ и „Ден за капење“ од Русија, швајцарско-францускиот „Ферплеј“ и шпанските „Клаудија“ и „Хелено“.

Наградени филмови се новозеландскиот „Дацун“ режиран од Марк Албистон, српскиот „Ѕвер“ со Јуриј Искаков како директор на фотографија, „Сеќавање на брза бура“ (Грција) по сценарио на Софија Георговасили, заедно со најдобриот домашен филм „Проблемот на Тина“, и „Помеѓу зборовите“ од Луксембург како најдобар краток филм.

Стручното жири на годинашниот ФИЛМАЈ е во состав на Симона Димковска (актерка), Борна Зидариќ (сценарист и режисер) и Мартин Давитковски (член на фото-кино клуб „Козјак“).

Би можело да ве интересира

Режисери и продуценти бараат да не се крати буџетот за филм – упатија писмо до Министерството за култура

А1он

„Бизнисот на задоволството“ во друштво на Оскаровци

Пол Мескал глуми во филм кој ќе се снима повеќе од 20 години

Горан Наумовски

Интернационална премиера на филмот „Досие Иднина“ на филмскиот фестивал во Нанси

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ на Сузана Диневски продолжува да доминира на меѓународни филмски фестивали