Пет германски филмови за деца и млади на осмиот „Буф“

Од:

Во организација на Институтот Гете во Скопје, од денеска до 20 април во Кинотеката ќе се одржува осмиот Детски фестивал за слика и филм „Буф“.

Ќе бидат прикажани пет германски филмови за деца и млади: „Џим Копче и Лукас машиновозачот“;„Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“; „Тим Талер или Момчето што си ја продаде насмевката“; „Венди 2 – пријателство засекогаш“ и „Помош, ги смалив родителите“. Проекциите се со превод на македонски и на албански јазик.

-Како и претходните години, и оваа година изгледавме многу филмови за да можеме да ви ги прикажеме најдобрите и најактуелните. Се надеваме дека за секого ќе има по нешто возбудливо, емоционално, поучно и забавно, соопштија организаторите на осмиот „Буф“.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето