Перипетија продукција реализира уште еден меѓународен проект

Од:

На театарскиот фестивал „Квартиере дел арте“ во Витербо, Италија, денеска премиерно ќе биде прикажан првиот дел од серијата кратки перформанси во рамките на театарскиот колаж „Амор Вичит“ работен според две микродрами на италијанските автори Фабио Марсон и Рикардо Табилио.

Проектот го обработува животот и делото на италијанскиот барокен сликар Чеко дел Караваџо кој се смета за еден од најзначајните ученици од школата на Караваџо. Малку е познато за неговиот живот, а главна инспирација за проектот е податокот дека во 1613 година престојувал во селото Бањаја недалеку од Витербо, каде се претпоставува дека ја насликал својата една и единствена фреска.

Поради околностите наметнати од пандемијата и неможноста за учество во живо, проектот е реализиран во хибридна форма. Перипетија продукција во соработка со Ехо Анимато, во периодот 29.10.2021 – 03.11.2021 во Белград, подготви видео и аудио материјали кои се имплементирани во претставата.

Во проектот учествуваат актерите Дарја Ризова и Александар Михајловски, како и режисерката Нина Николиќ, а целокупниот авторски тим вклучува автори од Италија, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

„Идиот“ во режија на Андреј Цветановски имаше премиера во Нови Сад

Ана Ололовска

Промовиран првиот детски театарски практикум „Од игра до претстава“ од Игор Ивковиќ и Афродита Кирјаковска

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Од игра до претстава – театарски практикум“

Ана Ололовска

Уметникот Крстевски со меѓународна награда од Фестивал во Турција

Ана Ололовска

Премиера на дуодрамата „9“ од Гоце Ристовски

Ана Ололовска

Македонската претстава „Самоубиство во самоодбрана“ освои три награди во Србија

Ана Ололовска