Пендаровски покровител на „2023–Година во чест на Ацо Шопов“

Од:

Претседателот Стево Пендаровски е покровител на чествувањето на 100 годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, што ќе се одбележи со низа настани во текот на 2023 година.

Чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов, е во соработка со Организацијата за образование, наука и култура на ОН – УНЕСКО, којашто на иницијатива на Република Северна Македонија, ја поддржа годината во чест на Ацо Шопов и се вклучи во одбележувањето на јубилејот.

Програмата за чествување на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов предвидува бројни културно-образовни содржини во текот на целата година: мултимедијална уметничка изложба, омаж на Шопов во рамки на филмскиот фестивал Флипбук, предавање и лекторски часови по литература посветени на делото на Шопов, меѓународно чествување во рамки на Струшките вечери на поезијата, гала претстава, промоција на неговите книги, публикации како и научни собири во негова чест.

Почетокот на чествувањето на 100 годишнината од раѓањето Шопов, еден основоположниците на македонската современа книжевност, ќе биде одбележано месецов со објавувањето на препев на англиски јазик на избор од поезијата во меѓународното водечко списание за литература Асимптот. Песните се објавени и на македонски, а една од нив може да се слушне во интерпретација на македонскиот актер Никола Ристановски.

Воедно на 23 јануари ќе се одржи и Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, која ќе биде целосно посветена на јубилејот.

Во рамки на одбележување на 100 годишнината, а по повод Светскиот ден на поезијата – 21 март, во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се одржи меѓународен симпозиум во чест на Ацо Шопов, поетски перформанс и изложба.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата

Предраг Петровиќ

ИШ на Пендаровски: Трет ден молк од Николоски дали донирал барем еден денар од неговата 78% зголемена плата

Предраг Петровиќ

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

Предраг Петровиќ

Пендаровски ги кани противкандидатите на две мастер дебати, програмата ќе ја презентира на конвенција на 3 април

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски

Николоски: Каде Пендаровски ја донира покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите зошто ќе загуби