„Пејзажи на совеста“ за врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување

Од:

Утревечер, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба со наслов „Пејзажи на совеста“, која ги истражува врските меѓу материјалното, технолошкото, индустриското и културното загадување.

Во рамките на поставката ќе бидат изложени 11 фотографии, 8 видео-инсталации како од нови, така и од признаени автори и 4 филмски уметнички дела кои ќе се прикажат на 7, 8 и 10 декември, со почеток во 18 часот.

„Пејзажи на совеста“ во фокусот ја става потребата за поголема политичка, сеизмичка промена, гледајќи го светот како вмрежан екосистем составен од различнo-конфигурирани, историско-динамични контакт зони наместо како збир од различни, одвоени екосистеми. Кураторскиот концепт ги отфрла потенцијалните дискусии за единките во/и животните средини, како форми на благосостојба обликувани според класни и расни уверувања. Заробени во сопствените моќи и ограничените животни сфери, посветено создаваме свет полн спектакли заснован врз историското насилство, каде Земјата и водата се ништо повеќе од декор.

Во рамките на „Пејзажи на совеста“ ќе бидат претставени дела на 12 уметници (Мила Паниќ, Карлос Касас, Урсула Биман, Арјуна Нојман и Дениз Фереира да Силва, Јунес Бен Слимане, Патрик Содерлунд, Ругил Барзџукаите, Хироацо Сузуки и Росана Торес, Тамер Хасан и Арманд Јервант Туфенкиан), а јавната програма ќе понуди и разговори со двајца од авторите: Мила Паниќ (БиХ, Германија) и Карлос Касас (Шпанија).

“Пејзажи на совеста” е дел од програмата на филм и видео на МСУ-Скопје. Изложбата се реализира во соработка со Право Људски Филм Фестивалот од Сараево, а поддржана е од Министерството за култура на Република Северна Македонија и “Еуролинк осигурување”.

Кураторкa на изложбата e Кумјана Новакова, во соработка со Диого Переира, а визуелниот идентитет и графички дизајн е на Елена Диновска Зарапчиев.

Изложбата ќе биде отворена од 6 до 10 декември 2019 година.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“