Пеца Поповиќ промовира три книги во Скопје

Од:

Најзначајниот музички новинар во регионот, легендарниот рок-критичар Петар Пеца Поповиќ (роден 1949 година), некогашен уредник на влијателните списанија „Џубокс“ и „Рок“, на 1-ви јуни во 19.30 часот, во кафе-книжарница „Буква“, ќе промовира три свои книги, објавени во изминативе три години – „Пролет во Топчидер“, „Траги во бескрајот“ и актуелната „Чуварот на ‘бувља пијаца’“.

Настанот е во организација на СПОНА – Српскиот културно информативен центар во Македонија.

Со Пеца Поповиќ пред македонските љубители на пишаниот збор, со акцент на ‘музички’, ќе биде и професорот Михајло Пантиќ, кој се потпишува како уредник на неговите книги, објавени под закрилата на Книжевната општина Вршац (КОВ), а модератор на настанот ќе биде новинарот Иван Беќковиќ.

Како музички гости, промоцијата ќе ја збогатат Елена Христова и Сибо, од познатиот музички состав „Баклава“.

Поповиќ, кој како музички новинар остави важен белег на регионалната сцена, како критичар и хроничар, во неколку наврати беше главен и одговорен уредник на влијателната дискографска куќа ПГП-РТС, за домашна и лиценцна програма, као и уредник на музичкото радио 101, и на прва независна ТВ куќа – „ОК канал“.

Во негова режија се случија и два најголеми музички карвани во Југославија, кога во Загреб и во Скопје ги донесе најголемите регионални музички ѕвезди. На негова идеја за голем бесплатен концерт во Белград, Горан Бреговиќ и „Бијело дугме“ на 28 август 1977 година го одржаа антологискиот „Концерт код Хајдучке чесме“, настан кој и денес се смета за „југословенски Вудсток“.

Активен и во осма деценија од животот, Пеца Поповиќ ги потпишува книгите: „Рокописи“ (2008), „Кикинда short 04 – две приказни“ (2010), „Да се биде рокенрол“ (2011, заедно со Михајло Пантиќ), „Пролет во Топчидер“ (2020), „Траги во бескрајот“ (2021) и „Чуварот на ‘бувља пијаца’“ (2022).

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска