Патувачка изложба „Арт фем“ во Тетово

Од:

Во Музејот на тетовскиот крај во Тетово, ќе биде отворена патувачката изложба „Арт Фем“ на академска сликарка Дороти Пачкова.

На изложбата посетителите ќе можат да видат и уметнички дела пристигнати во земјава со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри, преку Босна и Херцеговина и Црна гора.
Изложбата, како што наведува Пачкова, е производ на согледување на непостоењето на активистички феминистички мрежен центар, кој ги унапредува правата на уметничките, им дава можност за изразување и вмрежување и позитивно ги дискриминира приклучувајќи ги во јавниот културноуметнички живот.

-„Арт Фем“, го градиме оддолу нагоре, па затоа, ова е место за сите уметнички, сите активистки, сите културни работнички. Во зачетнава фаза се воспоставуваат темели за изградба на силно женско уметничко движење, па затоа ги мотивираме сите уметнички и културни работнички да присуствуваат на изложбата, вели Пачкова.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“