Патувачка изложба „Арт фем“ во Штип

Од:

Патувачка изложба на уметницата Дороти Пачкова во рамки на проектот „Арт фем“ ќе биде отворена денеска во Домот на млади во Штип.
Ќе бидат претставени уметнички дела, настанати под предизвичкувачки околности, пристигнати во нашата земја, со поддршка на мрежа на балкански солидарни женски центри преку Босна и Херцеховина и Црна Гора.

Организаторите најавија дека со ова ќе почне претставување на мрежното функционирање на Центарот за слобода и култура, на жени и девојки уметници од регионот, со поддршка на повеќе музеи и галерии од целата земја. Проектот е поддржан од Министерството за култура преку Нов културен бран 2019 и Секторот за спорт и млади при Град Скопје.

-„Арт фем“ е производ на согледување на непостоењето активистички феминистички мрежен центар, кој ги унапредува правата на уметничките, им дава можност за изразување и вмрежување и позитивно ги дискриминира приклучувајќи ги во јавниот културно-уметничкиот живот, соопштија организаторите.

По изложбата во Штип ќе следуваат уште неколку интерактивни изложби, ќе се анкетираат девојки и жени уметници во однос на нивните потреби, како тие сметаат дека би можеле да се вклучат во „Арт фем“.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“