Овации за Симон Трпчески во „Ватрослав Лисински“

Од:

Симон Трпчески ја подигна температурата и предизвика овации во салата „Ватрослав Лисински“, пишуваат  денеска хрватските медиуми за синоќешниот концерт на македонскиот пијанист со Белградската филхармонија во Загреб.

„Вечерњи лист“ објавува дека за добрата атмосфера на концертот придонесле и сонародниците на Трпчески кои по неговата, како што се наveduva, страствена изведба на 4. Концерт за клавир и оркестар од Сергеј Рахмањинов, го развиориле македонското знаме. Воодушевување предизвикала и изведбата на македонската народна песна „На Струга дуќан да имам“ која за клавир и оркестар ја обработиl Панде Шахов.

Хрватскиот печат со позитивни оценки и за Белградската филхармонија, која, како што се опишува, „вибрирала од позитивната енергија и страст“. Концертот се оценува како врвно уметничко доживување, а на него присуствувале и бројни хрватски политичари меѓу кои и претседателот Иво Јосиповиќ.

Би можело да ве интересира

Симон Трпчески со нов албум и серија настапи

Наум Локоски

Трпчески со британска премиера на музика од македонски автори

Ана Ололовска