Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки”

Од:

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата, Стево Пендаровски, кој е и покровител на манифестацијата.

Пред почетокот на фестивалот беше поставен перформанс од режисерот Срѓан Јанаќијевиќ. Во преполната сала, наградата „Златна камера 300“ за животно дело му беше врачена на светски познатиот американски директор на фотографија, Едвард Лакман. Наградата му ја додели претседателот Стево Пендаровски, а публиката го поздрави со громогласен аплауз. Лакман се заблагодари за наградата и рече дека сакал со години да дојде на фестивалот.

“Можеби се чини дека добивањето на наградата е завршница, но тоа е постојан процес на учење”, рече Лакман.

Во Битола се и филмските ѕвезди: Хозе Луис Алкаинe, директор на фотофрафија на филмот „Болка и слава“ од Педро Алмодовар, со кој беше отворен фестивалот во битолскиот Центар за култура.

Директорката на фестивалот Гена Теодосиевска рече дека за нив, овој филм на Алмодовар, е морален победник на фестивалот во Кан.

Алкаине рече дека е задоволен што е во Битола на фестивалот.

Во киносалата меѓу гостите е и ирскиот режисер и филмски драматург, Џим Шеридан, кој и’се обрати на публиката на почетокот на фестивалот.

Филмовите кои се во конкуренција ги оценува меѓународно жири предводено од Лакман.

Со одлука на Друштвото на филмски работници наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ му беше врачена на композиторот Љупчо Константинов.

Интернационалниот фестивал на филмската камера во Битола е најстариот фестивал во светот посветен на директорите на фотографија. Првпат фестивалот се одржа во 1979 година во чест на браќата Јанаки и Милтон Манаки.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето