Отворена ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети

Од:

Во Даут пашин амам синоќа беше отворена ретроспективната изложба на академскиот сликар Решат Амети со наслов „30 години уметност“.

– Националната Галерија како стожер на уметноста во земјата, оваа година ја помина во исклучителни околности поради светската пандемија. Овие времиња се тешки за културата и уметноста. Нашата мисија е да се истрае, со цел и понатаму да бидеме културен, едукативен и стручен сервис за граѓаните, токму преку организирање настани кои ја одбележуваат креативната истрајност на творците. Оваа вечер, под посебни протоколи, ја посветуваме на изложбата „30 години творештво” на нашиот драг и ценет пријател, истакнатиот уметник Решат Амети, истакна на отворањето директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.

Од Национална галерија на Република Северна Македонија информираа дека поздравен говор имал и вицепремиерот Артан Груби, долгогодишен пријател на авторот.

– Завршен збор со кој се означи официјалното отворање го имаше министерката за култура, г-а Ирена Стефоска. Во својот говор министерката го поздрави нејзиниот пријател и колега Решат Амети, му посака успех во понатамошната сликарска кариера, ја поздрави Националната галерија, директорката и целата екипа за одлично организираниот настан со високи протоколи за социјална дистанца, истакнаа од Националната галерија.

Од Националната галерија посочија дека на отворањето биле присутни претставници од највисокиот протокол на политичкиот кор, претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери кој е и долгогодишен пријател на Амети, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, амбасадорите на Албанија и Косово во РСМ, како и уметници и професори на државните и приватните универзитети.

– Решат Амети со емотивен тон им се заблагодари на сите за присуството на отворањето, негови долгогодишни пријатели, некои пријателства стари и триесет години колку трае и неговото ликовно творештво, соопштија од Националната галерија.

За широката публика изложбата е достапна во Даут пашиниот амам секој ден, освен понеделник, од 10-18 часот.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“