Отворена меѓународната научна конференција „Идентитет и култура“

Од:

Околу 250 научни работници од признати универзитети, институти и културни институции од Русија, САД, Австралија, Малезија, Бразил, Сингапур, како и од државите на Западна и Источна Европа, Балканот и од Македонија учествуваат на третата годишна меѓународна научна конференција „Идентитет и култура“ 2015.

Конференцијата денеска беше отворена, а ќе се одржува до 5 септември во Скопје, во организација на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС).

– Според програмата, во наредните три дена ќе имаме можност да дадеме придонес во расветлувањето на поимот идентитет, кој сам по себе е еден од најшироките и најсложените поими и ќе ги дефинираме неговите релации со поимот култура. Понудените 250 реферати се добра основа дека ќе придонесеме за поцелосно научно расветлување на овие поими и ќе се обидеме да ги поставиме различните и често судрени концепти и да одговориме на некои прашања, истакна претседателката ЦККС Лорета Георгиевска-Јаковлева.

Овие три дена научниците ќе работат во пет паралелни секции во кои идентитетот ќе се разгледува во контекст на традицијата и културното наследство, политиките и меморијата, миграциите, граѓанството и територијата, простор, место и архитектура, глобализација и медиуми, јазик и комуникации…

Како новина, на конференцијата денеска ќе излагаат двајца воведни предавачи Милена Драгичевиќ-Шешиќ, професорка на Универзитетот за уметност во Белград и претседател на УНЕСКО за културни политики и менаџмент и Гај Старки, британски професор по медиуми и член на раководството на ЕКРЕА.

Покрај официјалната програма, која ќе се одвива три дена и на три јазици (македонски, англиски и руски) конференцијата и оваа година на странските учесници ќе им ги понуди природните и културните убавини на Матка и Охрид.

На конференцијата беа презентирани и 12 броја на списанието „Култура“, кое излегува на три јазици – македонски, англиски и руски.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ