Отворена изложбата „Ракот не е само хороскопски знак“ на Сокол Марковски

Од:

Во Галерија „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва беше отворена изложбата на Сокол Марковски, насловена „Ракот не е само хороскопски знак“.

Делата се работени во техника масло на платно и комбинирана теника – дигитален принт.

-Сокол Марковски со овој циклус од својот рецентен опус успева да оствари една маркантна доживелица која побудува повеќекратна размисла во опсервацијата и перцепцијата на естеските дострели со кои ја посочува многуслојноста на значењето на пораката која авторот недвојбено и сугестивно ја упатува. Делата успеваат да проникната во длабочината на размислата и да допрат до срцевината и суштественото во поимањето на страдањето какао неразделен феномен во егзистирањето на секоја единка, а во овој случај посветено на лицата соочени со спознавањето на една тешка и неизвесна страна на искушенијата со кои се соочени, како и бројните фази низ кои минуваат, изјави Виолета Кариќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура Домот на култура.

Марковски дизајнираше и каталог, а автор е и на освртот кон изложбата во каталогот каде го истакнува значењето на оваа изложба која има повеќекратно значење со цел да го предочи страдањето на лицата заболени од канцер и да ја поттикне емпатијата кај набљудувачот.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“