Отворена изложбата на слики „Урбани пејзажи“ од Нада Ѕмбова Донева

Од:

Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани со изложба под наслов „Урбани пејзажи“ на јавноста ѝ ја претстави уметницата Нада Ѕмбова Донева, професорка по биологија во ОУ „Свети Кирил и Методиј“.

Дваесетината дела работени во техниката акрилик на платно, се мотиви од урбаната средина, претставени во колорит и форми инспирирани од доживувањата на погледите од различни локации и височини во Кочани и во Скопје.

Според Јулијана Иванова, рецензентка на изложбата, фасцинацијата од урбаниот простор ја носи авторката кон експериментирање, со апстрактен јазик на гестикулации и слоевити линии, a крајниот резултат е нова естетика како израз на авторската размисла и имагинарност.

– Уметноста и творештвото, науката и биологијата се нераскинливо сврзани. Тоа што уметноста ги соединува човекот и природата е познат факт. Уметноста, исто така, ги прави луѓето свесни за нивната унија еден со друг во потеклото и судбината. Животот е уметност, уметноста е живот, вели Ѕмбова Донева за врската меѓу нејзината професија и сликањето.

Изложбата „Урбани пејзажи“ ја отвори директорката на Центарот за култура „Бели мугри“, Александра Димитрова.

Првата самостојна изложба на Нада Ѕмбова Донева е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“