Отворена изложбата на Архитектонскиот факултет и Општина Центар – „Училиште во парк“ во КСП „ЈАДРО“

Од:

Четиринаесет архитектонски трудови, изработени од студентите на Архитектонскиот Факултет, во соработка со стручните служби во општината, од вчера се изложени на увид на јавноста во новоотворениот Културно Социјален Простор „ЈАДРО“, во Општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, поздравувајќи ги присутните и посакувајќи им успех на учесниците, синоќа во КСП „ЈАДРО“ ја отвори изложбата на архитектонските трудови.

Како дел од проектот „Училиште во парк“, студентите по архитектура и стручната општинска администрација изминатиот период изработија идејни архитектонски решенија за таканаречен Центар за деца од претшколска возраст и основно образование.

По завршувањето на изложбата, општинска комисија ќе ги разгледа сите предложени проекти и ќе го избере најдоброто решение, кое ќе се изведе кај спортското игралиште „Партизан“, во Градскиот Парк.

Проектот за Центарот за деца од претшколска возраст и основно образование вклучува изведба на градинка и основно училиште, со зачувување на постојното спортско игралиште.

При изработката на трудовите од страна на авторите беше запазено просторот за најмладите да биде функционален, но истовремено и атрактивен.

Изложбата на трудовите ќе трае до 3-ти март, во КСП „ЈАДРО“ (Урбана заедница „Дане Крапчев“), прв простор од ваков тип, кој по пат на јавно приватно партнерство функционира како центар наменет за реализирање на програмите на независната културна сцена, но и на поширокиот граѓански сектор, во кој можат да ги развиваат своите идеи, особено во областа на културата.

Model

Би можело да ве интересира

Општина Центар распиша јавен повик за ангажирање на невработени лица од општината за проектот „Образование за сите“

Ана Ололовска

Објавен конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро

А1он

Делови од Центар и повеќе скопски села утре без струја

А1он

Општински инспектори почнаа да мерат бучава во Центар, на два објекта им наложија да се стишат

Жарко Настоски

Центар ќе казнува локали за гласна музика, се бунеле жителите

Жарко Настоски

Центар раскина договор за катна гаража на „Климент Охридски“, просторот ќе биде парк

Маја Илиевска-Пачемска