Отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“

Од:

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија денеска беше отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“, подготвена по повод 80-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија, од Државниот архив на Република Северна Македонија во соработка со Институтот за национална историја – Скопје.

На отворањето на поставката присуствуваа претствници од јавната сфера, академската заедница, од верските заедници, дипломатскиот кор и други гости. Од име на Влдата на изложба присуствуваше Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

Изложбата е организирана од Државниот архив на Република Северна Македонија и од Институтот за национална историја и се состои, според информациите од организаторите, од 19 изложбени паноа, на коишто има претставено повеќе од 200 документи и фотографии, најголем дел од архивските фондови на Државниот архив, а поврзани со периоди од животот и функционирањето на Евреите во нашата држава.

Би можело да ве интересира

Изложба „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“

Ана Ололовска

Македонскиот КИЦ во Тирана промовираше млади сликари од двете земји

Ана Ололовска

Археолошката изложба „Првите кралеви на Европа“ на 31 март во Чикаго

Ана Ололовска

По повод 8 Март, отворена изложба „Иднина е женски род“ во Ист Гејт Мол

Ана Ололовска

Свечено отворање на изложбата „Париски рефлексии 2“ по повод месецот на Франкофонијата

Ана Ололовска

„Мразам playback“ изложба на фотографии од Никола Јовановиќ

Ана Ололовска