Отворена изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов во Домот на култура „Илинден“

Од:

Изложба на сликарот Стефан Хаџи-Николов беше отворена синоќа во Домот на култура „Илинден“, како дел од 20-та Литературна манифестација „Илинден“.

Со пригодни зборови за авторот и неговото творештво на присутните им се обрати Ефтим Клетников.

-Овој нов циклус на Стефан Хаџи Николов е возбудлив, естетски прекрасен и ги задоволува нашите сетила за уметност. Тука ми се наметнува онаа мисла на Леонардо да Винчи дека сликарството е свеченост за окото. Гледајќи ги овие слики мораме да се согласиме со оваа констатација, истакна Клетников.

На изложбата се претставени 40-на дела масло на платно, а посебен интерес кај присутните љубители на уметноста предизвикаа мотивите со цркви и манастири од Општина Илинден.

Срефан Хаџи-Николов учествувал на повеќе од 200 групни изложби во земјата и надвор од неа и е учесник на повеќе меѓународни ликовни колонии.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“