Отворена е изложба „Душата мисли во слики“

Од:

Во рамките на „Националните денови на МС“, под наслов „Душата мисли во слики“ од денеска до 24 октомври ќе биде поставена изложба на уметнички слики на педесетина еминентни академски уметници од земјата и од странство, во галерија „КО-РА“ ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза во текот на месец октомври, втора година по ред ги обележува „Националните денови на МС“.

– Целта на овој настан е да се подигне свеста за мултипла склероза и да се даде поддршка на лицата со МС и членовите на нивните семејства преку креативната мисла како двигател поттикнат од исцелителната моќ на уметноста, нагласи Ана Карајанова Димитрушева, претседател на Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза.

Таа посочи дека имаат чест настанот да го отвори и да му даде свечена нота м-р Гоце Наневски, професор на факултетот за ликовни уметности Скопје, на катедрата вајарство.

– Посебно сме горди и неизмерно благодарни на сите врвни и докажани уметници кои ќе земат учество и ќе го адресираат моментот на солидарност и емпатија како високи етички вредности. Уметноста претставува креативна интерпретација на творечкиот мисловен процес – форми и слики кои ја откриваат својата суштина и цел, притоа го откриваат нашето лично јас, никулецот на мислата која проникнува во идеја, процес од кој се создава самата таа како експресијата на сето она што е сокриено во нас, а истото благодатно здобиено открива потреба создавачкиот процес да биде одраз на доживеаната емоција која веќе добива сосем поинаков облик и обоеност, истакна Карајанова Димитрушева.

Таа посочи дека Националното здружение за МС останува посветено на реализирање на својата мисија и визија каде во фокусот секогаш се грижата за пациентите со МС, остварување на нивните потреби и надминување на проблемите и предизвиците кои се секојдневие за овие лица. Во иднина грижливо ќе продолжиме со својата хумана работа и ќе се трудиме да прераснеме во одговорен сервис кој ќе ја оправда целта на нашето постоење и ќе биде доказ за успешно остварување на потребите на лицата со мултипла склероза во нашата држава.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“