Отворена 14. литературна манифестација „Илинден 2013“

Од:

Во Домот на култура во општина Илинден денеска е отворен 14-та литературна манифестација „Илинден 2013“.

Посетителите на оваа манифестација, што ја отвори градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски, можат да најдат многу нови наслови од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература,  енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

Во рамки на манифестацијата што ќе трае до 31 мај, ќе има повеќе промоции на книги. Утре ќе биде промовирана книгата „ВМРО 1893-1903 Поглед низ документи“ на Ванчо Ѓорѓиев, а задутре романот на најчитаниот американски автор во светот Халид Хосеини „И планините одекнаа“.

Централниот дел од манифестацијата, поетскиот митинг „Ветерот донесе убаво време“, ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“ на 30 мај со почеток во 20:00 часот, со настап на поети-претставници на младата книжевна генерација на Република Македонија. Притоа ќе бидат промовирани 10 книги од млади автори објавени во периодот мај 2012-мај 2013 година. На 30 мај напладне ќе се одржи и традиционалното Литературно матине за деца, на кое ќе настапат повеќе детски писатели.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Илинденското востание е врвен аманет

Горан Наумовски

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден

СДСМ поднесе Декларација за најголемиот македонски државен празник Илинден

Општина Аеродром: Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево