Отворен вториот фестивал на детска креативност „Трамболини“

Од:

Во Градски парк во Скопје е отворен вториот детски фестивал на креативност „Трамболини“ што го организира Детскиот културен центар „Карпош“.

Фестивалот почна со хорски настап на децата учесници во работилницата „Оркестроманија“, со атрактивна изведба на пантомимичар, жонглери и штулари, статуи кои ги демонстрираа своите вештини и ги забавуваа посетителите и вторпат со „Потрага по изгубеното богатство“.

Како што најави организаторот, во следните денови во рамки на фестивалот ќе има креативни работилници од областа на ликовната и музичката уметност, личен развој, природни науки, филмски проекции, танц, изложби и натпревари.

– Поттикнувањето на креативните вештини кај децата е една од целите на овој фестивал. Работилниците нудат можност да се научи нешто ново што ќе ја стимулира детската фантазија, ќе ги научи децата да совладаат нови техники на креативно изразување на забавен и креативен начин. Пораките на децата од отворањето на фестивалот се дека она што се наоѓа во нас е уникатно, соопшти Детскиот културен центар „Карпош“.

Фестивалот „Трамболини“ е поддржан од Град Скопје и од компании помагатели, во соработка со Здружението за неформално и инклузивно образование „Крео Аксис“, Градски трговски центар, Археолошкиот музеј, галеријата Даут-пашин амам, Младинскиот културен центар, Europe House Skopje и Кинотеката.

Би можело да ве интересира

Нова опрема за осветлување во Центарот за култура во Кичево

А1он

Во кичевскиот Центар за култура презентиран новиот систем за аплицирање за проекти

А1он

Отварен првиот фестивал на детска креативност Трамболини

Ана Ололовска

Прв фестивал за детска креативност „Трамболини“

Ана Ололовска

КЦ 750: Повик за собирање фиќо-приказни

А1он