Отворен конкурс за учество на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Од:

Официјалните подготовки за новото издание на меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ започнаа со објавување на конкурсот за учество.

Организаторите наведуваат дека ова ќе биде можност по седми пат за потврдување, афирмирање и обединување на балканските поетски души.

Според пропозициите на конкурсот можат да се пријават поетите од Македонија и од балканските земји за една од двете категории: до 18 години и над 18 години. Кандидатите треба да испратат три необјавени песни, не подолги од 32 реда, напишани на мајчин јазик, а учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик, задолжително доставуваат препев на македонски или на англиски јазик.

Темата и формата на песните се слободни.

Творбите се испраќаат на електронската пошта на фестивалот:

[email protected], заедно со личните податоци на авторот. Крајниот рок за пријавување е 31 март 2020 година

Традиционалната поетска манифестација „Литературни искри“ се организира во чест на 24-ти мај, денот на сесловенските браќа Св.Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска