Отворен 5. фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“

Од:

Во Виница синоќа беше отворено петтото издание на фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“. На фестивалот што годинава се  одржува под мотото „Љубов, вино, антика“ учествуваат  60 карикатуристи кои испратија 160 карикатури.

Жири комисијата чиј председател беше Мирослав Георгиевски првата награда му ја додели на Недељко Убович од Србија, втората  на Ранко Гузина од Србија и третата награда на  Дамир Нова од Хрватска.

– Фестивалот го започнуваме со групната изложба на карикатури како и со врачување на наградите, истакна Емил Дончев градоначалник на Виница.

Тој им посака добредојде на карикатуристите од повеќе земји и истакна дека Виница во наредните пет дена ќе биде центар на хумор и сатира. Во ноќниот термин беше прикажана стенд ап комедијата „Македонски шлагери“ во изведба на Весна Петрушевска. Фестивалот продолжува и денеска со работилница за карикатура, а во вечерниот тремин настапува театарот од градот Тријавна, Република Бугарија.

Би можело да ве интересира

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА, наскоро и винил издание

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Со народни пари ќе се финансира фестивал во Косово, додека домашните едвај врзуваат крај со крај

А1он

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт