Отворање на Семинарот за македонски јазик, литература и култура

Од:

Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид, денеска попладне ќе биде отворена Летната школа на 46. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, на која до 28 јуни ќе учествуваат  90 слушатели од 23 земји.

На свеченото отворање ќе се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, под чие покровителство се одржува летната школа на Меѓународниот семинар.

На 29-ти и 30  јуни таму ќе се одржува и 40. Меѓународна научна конференција на Семинарот, на која централна тема годинава е „Светите Кирил и Методиј и словенската култура низ вековите и денес“.

Покрај познати македонисти кои редовно учествуваат на Школата, како Ала Шешкен од Русија, Иван Доровски од Чешка, Волф Ошлис од Германија, Маќеј Кавка, Ирена Ставова-Кавка и Јан Соколовски од Полска, Бранко Тошовиќ од Австрија… предавања, лекторски вежби и секции за македонски јазик и литература ќе посетуваат и лингвисти, преведувачи и студенти од САД, Кина и од повеќе европски земји, а првпат од Финска.

– Радува фактот што оваа година е поголем процентот на нови слушатели, покрај оние кои повеќе години доаѓаат на Школата. Тоа значи дека нашите лекторати успеваат да го зголемат интересот на странските студенти да се запишат и да студираат македонски јазик.

– Сите тие се наши потенцијални амбасадори, зашто си заминуваат со љубов за Македонија и ја промовираат во своите матични земји во најдобро светло. Тоа е еден начин на кој ние во пошироки размери може да ја покажеме и докажеме вистината за Македонија, рече ректорот на УКИМ Велимир Стојковски на прес-конференција по повод Семинарот.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска