Отворање на самостојна изложба „Љубов“ на Александра Мириќ

Од:

Самостојната изложба „Љубов“ на уметницата Александра Мириќ вечер, во 19:30 часот, ќе биде отворена во Галеријата при Младинскиот културен центар (МКЦ).

Како што информираат од МКЦ, за изложбата „Љубов“ критичарите велат дека Мириќ како уметник ги распоредува своите мотиви мислејќи со надреалистична сила, кокетирајќи со јасен, силен колорит, минималистички форми на мотиви, кои ја раскажуваат приказната од јазикот на нејзините соништа, стилизирајки ги понекогаш до граница на знак.

-Разиграната позадина, со многу детали, сепак не доминира над централниот мотив кој ја раскажува нејзината приказна, водејќи нѐ низ нејзиниот чудесен свет, свет на нејзината имагинација и нејзиниот сон, се наведува во соопштението.

Александра Мириќ е архитектка-конзерваторка. Валоризацијата на градителското наследство го проучувала на универзитетот во Прованса, Франција. Со докторат по архитектура се стекнала на универзитетот во Ниш, Србија, а со докторат по aрхеологија на универзитетот Лион 2 во Франција.

Мириќ како самостојна истражувачка е посветена на проучувањето, презентацијата и промоцијата на светското културно наследство и локалните традиции. Добитничка е на бројни награди за извонредни придонеси во развојот на науката и културата.

Со самостојни изложби се претставила во Ниш (2010, 2015, 2018, 2019), Ќуприја (2018), Париз (2017), Скопје (2017) и учествувала во повеќе десетици групни изложби и меѓународни ликовни колонии. Нејзините слики се наоѓаат во приватни и јавни збирки во Србија и во странство. На единствениот српски ликовен конкурс посветен на надреализмот, „Во чест на Матиќ“, нејзината слика „Светците што маршираат“ е наградена во 2017 година со прва награда.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“