Отворање на Павиљонот на Македонија на Биеналето во Венеција

Од:

Во просториите на Сале д’Арми (Sale d’Armi), во престижниот изложбен простор Арсенале во Венеција денеска ќе биде отворен Павилјонот на Република Македонија во рамки на 56-то издание на Биеналето во Венеција, една од најстарите и најпрестижни европски манифестации, која за јавноста ќе биде отворена од 9 мај до 22 ноември.

На отворањето ќе се обрати заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ.

Официјални претставници на Република Македонија на оваа најголема и најзначајна интернационална ревија на уметноста во светот се реномираните уметници Христина Иваноска и Јане Чаловски кои, со поддршка од Министерството за култура, ќе се претстават со проектот „Ние сите сме сами во ова“. Комесар на овој мултидисциплинарен ликовен зафат е Националната галерија на Македонија, куратор е Башак Шенова од Турција, а заменик-куратор Маја Чанкуловска-Михајловска.

Биеналето во Венеција е од големо значење за промоција на македонската култура и уметност пред земјите-учеснички од целиот свет. Претставува можност да се укаже на разновидноста на уметничките позиции, репрезентативните потенцијали и значењето на работата на македонските автори кои дејствуваат на нашата и на интернационалната уметничка сцена. Република Македонија досега има остварено девет претставувања на Венециското биенале започнувајќи од 1993 година со проектот на авторите Петре Николовски  и Глигор Стефанов.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“