Отворање на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“

Од:

На иницијатива на Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, денеска ќе биде отворен Културно-социјалниот простор „Центар -Јадро“, лоциран на ул. „Алберт Ајнштајн“ бр.2 во Скопје.

Асоцијацијата соопшти дека идејата за КСП „Центар-Јадро“ настанала од потребата за место, фокус, каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социокултурни практики, простор што ќе создава aвтономни, самоорганизирани содржини што ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал.

– Физичкиот простор во материјалната структура на градот секогаш претставува важна точка на секое културно и уметничко настојување. Овој модел е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт, Општина Центар, и Јадро Асоцијација и претставува суштинска децентрализација на моќта и единствен пат кон создавање организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата, во рамки на граѓанскиот сектор, но и пошироко, наведува Асоцијацијата Јадро, која од основањето во 2012 година се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики.

Отворањето на КСП ќе се одбележи пред објектот, на отворено, согласно со протоколите за одржување јавни настани, а основачите на прес-конференција ќе ги соопштат целите на институцијата, досегашните достигнувања и понатамошните планови за развој и соработка.

Во рамки на настанот ќе се одржи концерт на Хана Корнети, а ќе биде претставен и муралот „Патување“ на ликовниот уметник Сали Ертунч изработен на фасадата на КСП „Центар-Јадро“.

Би можело да ве интересира

Центар има 32 барања за градење, укинатиот мораториум отвори можност за градежна офанзива по плановите оценети како криминални

Маја Илиевска-Пачемска

Изгласан новиот ДУП за градската четврт кај Дом на градежници во скопската општина Центар

Жарко Настоски

ВИДЕО: Oпштинските инспекциски служби отстраниja два нелегално изградени објекти во Центар

Ана Ололовска

Богдановиќ најави отворање нов „Парк на сеќавањето“

Ана Ололовска

Споменикот за Горан Стефановски ќе биде поставен во неговото Дебар Маало

Ана Ололовска

За една недела казнети 255 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Ана Ололовска