Отворање на изложбата „Модулар“ на Ненад Тонкин во МКЦ

Од:

Изложбата „Модулар“ на Ненад Тонкин вечер, во 20 часот, ќе биде отворена во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Уметницата Јана Јакимовска смета дека идејата за „Модулар“ доаѓа од набљудување на градот и сосема спонтаната анализа на состојбата во него.

– При таа анализа Тонкин доаѓа до идеја да ги спои потребата за естетика во јавниот простор, како и потребата од мултифункционални јавни простори, кои ненаметливо ни нудат содржини и значења и нѐ мотивираат да го искусуваме градот во кој живееме, пишува Јакимовска.

Ненад Тонкин (Скопје, 1978) е дипломиран вајар и сценограф на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и дипломиран професор по предучилишно воспитание на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ – Скопје. Од учебната 2019/2020 е запишан на магистерски студии на ФЛУ, отсек вајарство.

Од 2014 година досега има реализирано четири самостојни ликовни изложби во Гевгелија, Кичево, Скопје и една онлајн и повеќе групни изложби во државава, во Италија, Германија, Словенија и Црна Гора. Компонирал музика за повеќе од 10 театарски претстави и работел сценографија за театар (три претстави) и филм (два краткометражни филма). Од 2013 година издава своја авторска музика како Mammoth & Yashem и досега има објавено три кратки изданија. Бил дел од организацискиот тим на првото издание на фестивалот КРИК, а сè уште е дел од тимовите на фестивалот „Прво па женско“ и настанот „Пич Прич“.

Од 2018 година заедно со уметницата Јана Јакимовска го започнуваат ликовниот проект Визија Скопје, кој вклучува повеќе ликовни уметници и студенти по ликовна уметност и архитектура. Визија Скопје има за цел преку саркастичен, хумористичен, но и сериозен пристап да понуди можни решенија за изгледот на централното градско подрачје и пошироко.

Од МКЦ информираат дека мерките за претпазливост се строго почитувани.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”