Отворање на изложбата „Излез од темнината“ од Сашо Милевски

Од:

Во Изложбениот салон – Империјал 1, денеска во 16 часот ќе биде отворена изложба на слики насловена „Излез од темнината“ од Сашо Милевски, информираат од Ју Културно Информативен Центар – Скопје.

На изложбата ќе бидат изложени 25 дела работени во техника акрилик на платно, создадени 2019 – 2021 година од Сашо Милевски, роден 1987 година во Битола. Милевски дипломирал „Електротехника и информациски технологии“ во Скопје 2012 год. На истиот факултет завршил постдипломски студии во 2013 година. Со сликарство активно се занимава од 2015 година.

Изложбата, како што информираат од центарот, ќе биде отворена до 28 април 2021 година.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“