Отворање на изложбата „Допирот“ во Мала станица

Од:

Во Мала станица денеска ќе биде отворена изложбата „Допирот“, што е подготвена во партнерство со Британскиот совет и агенцијата за подвижни слики „Лукс“ од Обединетото Кралство Велика Британија, а под кураторската палка на Ана Франговска, соопштија од Националната галерија на Република Северна Македонија.

На изложбата учествуваат исклучителни уметнички имиња од британската визуелна сцена која ја третира проблематиката на движечки слики (Бен Риверс, Уриел Орлоу, Шарлот Проџер, Луис Хендерсон и Бедвир Вилијамс) како и нашите еминентни современи уметници – Елпида Хаџи-Василева, Велимир Жерновски и Кристина Пулејкова.

– Дискурсот за екологијата и заштита на животната средина е во фокусот на уметничките истражувања, додаоа од Националната галерија.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“