Отворање на изложбата „Црно-шарено“ на ликовниот уметник Дарко Аницин

Од:

Во Културно информативниот центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 2 денеска ќе биде отворена изложба на цртежи насловена Црно-шарено од ликовниот уметник Дарко Аницин.

Авторот ќе се претстави со 25 цртежи, работени во акрилик на хартија, создадени последнава година, информираат од КИЦ.

Изложбата ќе биде отворена до 10 следниот месец.

Аницин е роден 1977 година во Скопје. Завршил Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски” и Факултет за ликовни уметности при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Создава графики, цртежи и слики.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“