Отворање изложба на учесниците на „Остен биенале на наградени автори 2017“

Од:

Во Гевгелија вечерва ќе биде отворена изложба и ќе им бидат доделени награди на уметниците учесници на „Остен биенале на наградени автори 2017“.

Учесниците се наградени автори од манифестациите „Остен биенале на цртеж“ и „Остенови уметници на годината“, како и гости и соработници на „Остен“.

„Остен биеналето на наградени автори 2017“ е дел од Светската галерија на цртеж, концепт-манифестација која се состои од меѓусебно поврзани манифестации.

Биеналето традиционално се одржува во соработка со Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија. Документираната збирка со над 10.000 уметнички дела од над 2.400 автори од 80 земји во светот е најголемото досегашно достигнување на „Остен уметност на хартија“.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“