Откажана претставата „Нема да биде крај на светот“

Од:

Поради прогласената тридневна жалост по тешката сообраќајна несреќа која се случи утринава, од Македонски народен театар (МНТ) соопштија дека премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември се откажуваат.

Новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота на 27 ноември, а репризните изведби кои беа закажани за 25 и 26 ноември се откажуваат. Средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе и бидат рефундирани.

Од Македонски народен театар изразија длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите.

Би можело да ве интересира

Драмски театар-Скопје со претставата „Странци“ на фестивалот „РУТА Група Триглав“

Ана Ололовска

На 15 декември праизведба на претставата „Торонто експрес“

Полицијата не најде бомба, сега го бара лицето кое пријавило дека е поставена

Ландов

Пријавата за напад стигнала во МНТ, полицијата апелира на смиреност, евакуирани повеќе институции

Ландов

Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Ландов

Премиера на драмската пиеса „Магична кутија“ во тетовскиот Центар за култура

Ана Ололовска