„Остен“ ќе ја отвори 46. Светска галерија на карикатури

Од:

„Остен“ вечер ќе ја отвори 46. Светска галерија на карикатури „Скопје 2015“, кога ќе бидат соопштени и годинашните добитници на награди. Оваа година на конкурсот се пријавиле 206 карикатуристи од 50 земји со вкупно 680 дела.

Мехмет Кахраман од Турција ја доби првата награда за карикатура, Михаил Златковски од Русија ја доби првата награда за сатиричен цртеж, Павел Константин од Романија  е добитник на првата награда за стрип и Дарко Марковиќ од Македонија добива награда „Цицо“ за македонски карикатурист.

Посебна награда ќе добијат: Агим Красниќи КрАги од Косово, Александар Блатник од Србија, Анџело Кампанер од Италија, Блаже Докулески од Македонија, Халит Куртумлус-Ајатослу од Турција, Луис Пол од Австралија, Раул Фернандо Жулета од Колумбија, Мирко Молнар од Србија, Рос Томсон од Обединетото Кралство и Валериу Курту од Германија.

Првата селекција ја направиле познатите карикатуристи од Бугарија, Алла и Чавдар Георгиеви, а  членови на интернационалното жири кое одлучило за наградите се: Бернд Похленц од Германија, карикатурист и директор на најголемата заедница на карикатуристи „Тунпул”, Мурат Ердоган од Турција, истражувач  на карикатурата  и  директор на Универзитетскиот Центар  за  имиграција  и политички науки  Хасетепе во Анкара, Стане Јагодич  од Словенија, независен карикатурист, уметник, уредник и публицист, Мидхад Ајановиќ Ајан од Шведска, карикатурист, автор на анимирани филмови, публицист и карикатуристот и уметник од Македонија Мице Јанкуловски.

Според оценката на жирито, на годинашното издание на Светската галерија на карикатури се испратени карикатури, сатирични цртежи и стрипови со извонреден квалитет – и во идејата и пренесувањето на пораката, и во уметничкото изразување.

– Без оглед на разликите во стиловите и медиумите, карикатуристите кои учествуваа на натпреварот ги изразија своите погледи, грижи, критики и предвидувања преку универзалниот јазик на карикатурата. Од таа богата конкуренција на нацртани идеи и пораки, произлегоа и одлуките на жирито, соопшти „Остен“.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Изложбата на карикатури на тема Ковид-19 во Делчево

А1он

Карикатуристот Крстевски на меѓународна изложба во Берлин

А1он

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Доделени наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето

Ана Ололовска