„Остен“ добитник на признанието „Љупчо Филипов“ за 2015-та

Од:

„Остен“ – Скопје како долгогодишен  организатор на реномираната Светска галерија на карикатури и поранешен издавач на  весникот со исто име, годинава е добитник на Признанието за развој и афирмација на стрипот во Македонија, именувано според прерано починатиот доајен Љупчо Филипов.

dobivaj vesti na viber

Во образложението за доделување на оваа престижна награда се вели дека на страниците на весникот, којшто за жал веќе не излегува, секојпат стрипот си го наоѓал своето место. Долга е листата на македонски стрип доајени  коишто во весникот „Остен“ го афирмирале својот талент и израз како:  Илија Поповски, Дарко Марковиќ, Дукан Јелен, Љупчо Филипов, Спиро Џајков, Боро Пејчинов, Делчо Михајлов, Ѓуро Варга, Лазо Плавески, Киро Донев, Ацо Палитов, Бобан Пешов…

Стрипот, како начин на изразување,  го наоѓа  своето место и на традиционалната Светска галерија на карикатури, преку посебна категорија и награден  конкурс објавен по тој повод.

Инаку, доделувањето на ова признание е составен дел од активностите во склоп на традиционалниот меѓународен стрип салон што се одржува во средината на октомври во Велес. Стрип центар на Македонија“ – Велес како организатор на целокупната манифестација, ова признание  го наменува  за заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на 9-та уметност кај нас. Досегашни добитници на ова признание се: Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Александар Сотировски, Ване Трајков, поранешната групација „Тајфа Арт“-млади автори и подоцнежни основачи на нови стрип асоцијации, Томислав Османли, Дарко Марковиќ, Киро Донев, редакцијата „Детска радост“, Оливер Ромевски и Стрип книжарницата „Бункер“.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Изложбата на карикатури на тема Ковид-19 во Делчево

А1он

Карикатуристот Крстевски на меѓународна изложба во Берлин

А1он

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Доделени наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето

Ана Ололовска