„Оперска ноќ“ со Полина Тасева вечер во Кичево

Од:

Во Центарот за култура во Кичево вечер во 19 часот ќе се одржи концерт „Оперска ноќ“ на Полина Тасева. Покрај сопранистката Тасева ќе земат учество и Андреј Наунов, уметнички соработник и Јане Дунимагоски, специјален гостин.

Сопранистката Полина Тасева дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2016 година.Три години потоа ги завршува и магистерските студии по интерпретација и композиција кај проф. Марија Муратовска. Во текот на студирањето бележи повеќе настапи на концерти организирани од ФМУ.

Тасева во 2015 година на натпревар во Софија добива награда за впечатлив забележителен глас, со тоа беше одрана од вкупно 50 натпреварувачи да гостува во Москва на познатиот натпревар за руски романси„ Ромасиада“.Таа покрај со опера се занимава и со забавно пеење и досега има две авторски песни, а со едната од нив „Се се врти во круг“ настапи на МакФест 2020 година.

Од Центарот за култура истакнуваат дека концертот ќе се одржи според сите протоколи за заштита од ковид 19, носење заштитни маски и држење на прописно растојание во салата.

Би можело да ве интересира

„Есенски музички вибрации 2021“ во Крива Паланка

Ана Ололовска

Концерт на Илза Бафтиари – виола и Шкељзен Бафтиари – пијано

Ана Ололовска

Концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“

Ана Ололовска

Концерт на Триото „Долче“ вечерва во Скопје

Ана Ололовска

Концерт на гудачки квартет во Дом на култура „Илинден“ во Демир Хисар

Ана Ололовска

Свечено затворање на „Златна лира“ 2021

Ана Ололовска