Онлајн видео концерти за Меѓународниот ден на џезот

Од:

Здружението на џез-музичари со поддршка на Град Скопје и Младинскиот културен центар денеска ќе го одбележи 30 април, Меѓународниот ден на џезот.

Од Здружението информираат дека ќе приредат концерт што ќе биде прикажен на нивната фејсбук страница преку онлајн видео-стриминг. Стримингот ќе се одвива и на фејсбук страниците на Град Скопје и на Младинскиот културен центар.

Во текот на целиот ден, посочуваат, ќе можат да се проследат неколку концерти на врвни македонски музичари и групи: соло настап на Антоние Весковски, концерти на „Кабадајас“ и на „Зулу 3.4“, концерт на групата „Светлост“, како и на бендот на Михаил Парушев и на групата „3ject“.

– Ќе имаме можност да слушнеме и настап на ЗЏМ Колектив – комбо ансамбл составен од изведувачи кои се членови на Здружението на џез-музичари и кои и се веќе добро познати на македонската џез-публика. На труба ќе го чуеме Трајче Велков, алт саксофон – Кирил Кузманов, пијано – Гордан Спасовски, тапани – Гоце Стевковски и бас – Дарко Мучев. Како специјални гости на овој концерт ќе се појават Џијан Емин на пијано и Ѓорѓи Шарески на гитара. Ќе биде изведена оригинална музика од членовите на ансамблот, информираат од Здружението на џез-музичари.

Би можело да ве интересира

Јордан Костов, „Кобалт код унит“ и „Светлост“ вечер на фестивалот „Крај Вардарот џез“

Ана Ололовска

Баги Биг Бенд со видео за Светскиот ден на џезот

Ана Ололовска

Во Битола вечерен Новогодишен џез концерт „Приказна за еден град“

Ана Ололовска

Квартет тромбони со концерт во Софија – „Класиката го среќава џезот“

Ана Ололовска

RADIOHEADJAZZ донесе виртуозност и уникатност!

Ана Ололовска

Концерт „RADIOHEADJAZZ!“ на Биг-Бендот на Здружението на џез-музичари

Ана Ололовска