Онлајн-промоција на книгата „Да се почне одново“ од театрологот и универзитетски професор Драган Клаиќ

Од:

Книгата „Да се почне одново“ од театрологот и универзитетски професор Драган Клаиќ ќе биде онлајн промовирана денеска на фејсбук-страницата на „Литература.мк“.

Разговорот ќе биде со пензионираната професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Јелена Лужина која воедно го преведе ова дело на македонски јазик.

Книгата е во издание на „Арс Либрис“ и веќе е достапно во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на веб-страницата www.literatura.mk.

Онлајн-промоцијата ќе ја води уредникот на книгата, Ведран Диздаревиќ.

Поднасловот на делото е „Промена на театарскиот систем“ и авторот Драган Клаиќ пред сè се занимава со прашањето „Како театарските куќи, трупи, простори, фестивали, студии, како и инфраструктурата која ги поддржува, може да се одржат во конкуренција со комерцијалната забава?“

– Под притисок на економијата, глобализацијата и културната индустрија, институционалниот театар сè повеќе личи на неговиот двојник, комерцијалниот театар, и некритички го прифаќа неговиот модел. Од друга страна, и покрај субвенциите што ги добива, тој не може да го пронајде моделот што ќе му овозможи правилно да функционира и да го прави тоа што го знае најдобро: да експериментира, да истражува и да критикува. Веднаш се наметнува прашањето „што да се прави“? Книгата „Да се почне одново“ на Драган Клаиќ дава многу конкретни одговори на ова прашање и вешто се движи помеѓу минатото и сегашноста, идеалите и стварноста, уметноста и економијата, културата и културната политика – и се наметнува како задолжително четиво за сите оние што се интересираат за судбината на театарот во XXI век и се активни чинители во создавањето на неговата иднина, наведоа од „Арс Ламина“.

Драган Клаиќ е роден во 1950, а починал во 2011 година. Познат е како историчар на театарот и културен аналитичар. Бил постојан соработник на здружението „Феликс Меритис“ (Felix Meritis) во Амстердам, а предавал и културна политика и уметност на универзитетот во Лајден. Одржал предавања на многу универзитети, говорел на конференции и симпозиуми и бил уредник, колумнист, истражувач и тренер. Докторирал „Историја на театарот и драмска теорија“ на престижниот универзитет „Јеил“ во САД.

Би можело да ве интересира

Почнува Фестивалот на чајот и читањето

Ана Ололовска

Уште побезбедно купување во суперпродавницата „Литература.мк“ – поставени прочистувачи на воздух што ги користи и НАСА

Ана Ололовска

Излезе од печат првата книга за локалитетот „Цареви Кули“ во Струмица

Ана Ололовска

Објавен романот „На големото корито“ од Софи Дол

Ана Ололовска

Конкурсот за наградата „Роман на годината“ трае до 15 јануари

Ана Ололовска

КупиКнига.мк: Најпродавана книга за 2020 година – „Принцезата Султана: неисплачени солзи“

Ана Ололовска