Онлајн изложба на четирите финалистки за наградата „Денес“

Од:

Изложбата на четирите финалистки за наградата „Денес“ за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка до 35 години – Ана Јовановска, Ана Лазаревска, Симона Манчева и Елена Чемерска, премиерно ќе се може да се погледне од денеска на каналот Вимео Organization FR_U на организацијата „Факултет за работи што не се учат“.

Изложбата е дел од годинешното, петнаесетто издание на престижната интерационална манифестација, доделувањето на наградата „Денес“ за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка до 35 години, која подразбира двомесечна резиденција во Њујорк, САД за добитни(кот)/чката. Таа ќе биде отворена до 29 април.

Делата ќе може да се погледнат на следните линкови: -Ана Лазаревска https://vimeo.com/539365281 -Ана Јовановска https://vimeo.com/539296244 -Симона Манчева https://vimeo.com/539287639 -Елена Чемерска https://vimeo.com/539312939

По изложбата на 28 април на платформа „Зум“ на ФБ каналот на „Денес наградата“ од 18 до 20.30 часот ќе се одржи јавна презентација на уметничките и разговор со интернационалната жири комисија на англиски јазик во рамки на програмата „Совршениот уметник“. Линк од Фејсбук на ДЕНЕС Награда – Награда ДЕНЕС. DENES Award https://www.facebook.com/Награда-Денес-DENES-Award-2063487267273326

На 29 април ќе се објави добитничката на наградата „Денес“ преку соопштение до медиумите како и на веб страната на организацијата „Факултет за работи што не се учат“ и социјалните мрежи на организацијата.

Интернационалното жири е составено од: Катја Крупеникова, кураторка и критичарка, доцент на ХКУ Универзитетот за уметности, Утрехт и дел од кураторскиот тим на Фондацијата В-А-Ц, Москва; Пол Ластер, писател, уредник, куратор, уметники предавач, уредник во ArtAsiaPacific и Whitehot Magazine of Contemporary Art;  Биљана Тануровска Ќулавковски, продуцентка, кураторка и истражувачка, претседателка на органзиацијата Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Алберт Хета, уметник, дизајнер, уметнички менаџер и уметнички директор на Стацион- Центарот за современа уметност, Приштина, Косово и Верица Ковачевска, уметничка и претходна добитничка на наградата „Денес“.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“