Онлајн часови по современ танц и движење со домашни танцови уметници и педагози

Од:

Здружението Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во рамки на програмата во Кино Култура простор за современи изведувачки уметности и култура во 2020 година продолжува со програмската активност КУЛТРЕНИНГ – часови по современ танц и движење наменети за граѓаните.

Како што соопшти Здружението Локомотива, КУЛТРЕНИНГ како редовна активност се организира во Кино Култура, но поради ситуацијата со коронавирусот и мерките за спречување на внесување и ширење, програмата во месеците април, мај и јуни се реализира онлајн, во форма на интерактивни часови со користење на дигитални платформи, на кои бесплатно може да се приклучат сите заинтересирани граѓанини.

Реализацијата на програмата на Локомотива во Кино Култура е поддржана од Министерството за култура и Општина Центар.

КУЛТРЕНИНГ Онлајн часовите во месеците април и мај се реализираат во соработка со домашните танцовите уметници и педагози Ивана Коцевска, Христина Ангеловска и Валентино Апостоловски. Ваквата адаптација ќе овозможи поддршка и континуитет во работата на домашните уметници, од една страна, и можност за сите заинтересирани, да учествуваат и ги посетуваат интерактивните часови бесплатно секој понеделник, среда и петок во 19:00 часот.

-Ивана Коцевска, Христина Ангеловска и Валентино Апостоловски го споделуваат својот личен пристап кон телото, просторот и имагинацијата. Тројцата танцови уметници и педагози работат на свој специфичен начин за достигнување на флуидност, координација и форма на телото на заинтересираните учесници, се вели во соопштението од Локомотива.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска