Онлајн архива на рефлексии – обид за создавање нов јавен простор за културна работа

Од:

Здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје соопшти дека соочени со кревкоста во услови на пандемија ја прошири својата програма „Современа култура и културни политики“ во 2020 создавајќи онлајн активност – #АрхиваНаРефлексии – Каде сме и каде одиме? – која има за цел да создаде и сподели архива на размислувања за сегашните и претстојните социо-политички и економски влијанија врз уметноста и културата во општествата како нашето, кои имаат многу кревки услови за работа на културните работници и уметници, како и во општествата со поорганизиран систем на поддршка на културната продукција.

За таа цел ги покануваат колегите – културни работници, уметници, критичари, активисти на граѓанското општество – да предложат, критикуваат – односно да промислат и рефлектираат – на прашања кои се однесуваат на културата на солидарност, создавање и ширење на знаењата во овие времиња, нови модели на поддршка на современа продукција, и мерките за надминување на несигурната прекаријатната позиција на уметниците и културните работници.

-Создавањето на оваа архива на рефлексии е обид за создавање нов јавен простор за културна работа, бидејќи веќе постојниот е одземен од вирусот. Архивата на рефлексии опфаќа 32 онлајн интервјуа – размислувања и рефлексии – од поканетите соработници на пет поставени прашања поврзани со културата на солидарност во време на COVID-19, знаењето кое се создава во културната и уметничка пракса и неговата дистрибуција, што научивме од кризата и како тоа да се искористи во надминување на прекаријатната позиција на уметниците и културните работници, актуелизирање на идејата за социјална еднаквост и можни нови политики во културата и уметноста за подобрување на состојбите и условите за работа, наведуваат од тимот на Локомотива.

Почнувајќи од 27 мај, наведуваат, секој работен ден, на интернет платформата на Локомотива на нејзиниот YouTube канал, се споделува по едно интервју достапно за сите заинтересирани граѓани, кое се споделува и на веб страната и социјалните медиуми на Локомотива и Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура.

Своите рефлексии како дел од програмата ги споделија: Агнес Квакелс (Белгија), Александра Секулиќ (Србија), Ана Жувела (Хрватска), Анастасија Прошутинска (Русија), Андреас Либман (Данска/Швајцарија), Антисезона – Соња Преград, Ива Нерина Сибила и Силвија Марциг (Хрватска), Бојана Младеновиќ (Србија/Холандија), Виолета Симјановска (Северна Македонија/Финска), Владимир Јанчевски (Северна Македонија), Горан Ињац (Словенија), Данае Теодориду (Грција/Брисел), Деа Видовиќ (Хрватска), Драгана Алфиревиќ (Србија/Словенија), Ева Јоханон (Латвија), Звонимир Добровиќ (Хрватска), Ивана Васева (Северна Македонија), Ивана Драгшиќ (Северна Македонија), Јанез Јанша (Словенија), Јасмина Василева (Северна Македонија), Јордан Шишовски (Северна Македонија), Кирстен Маар (Германија), Кумјана Новакова (Северна Македонија), Маријана Цветковиќ (Србија), Мелих Генкобојаци (Холандија), Милица Илиќ (Србија/Франција), Невенка Копрившек и Маја Вижин (Словенија), Предраг Цветичанин (Србија), Рок Вевар (Словенија), Сенка Анастасова (Северна Македонија/САД), Урсула Игли (САД), Ута Ламберц (Германија) и Цвета Андреева (Бугарија/Холандија).

#АрхиваНаРефлексии е програмски уредена од Биљана Тануровска Ќулавковски и Виолета Качакова. Координатор на програмата е Зорица Зафировска.

#АрхиваНаРефлексии е активност развиена како дел од програмата „Современа култура и културни политики” на Локомотива @ Кино Култура-проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура, финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Реакција од Агенцијата за филм на соопштението од Министерството за култура

Ана Ололовска

Министерството за култура се оградува од соопштението на Агенцијата за филм во врска со истрагата на Антикорупциска

Ана Ололовска

Во Битола отворена изложба „50 години традиција“ – Фестивал „Илинденски денови“

Ана Ололовска

Конкурс за изработка на мурал на фасадата на КСП Центар – Јадро

Ана Ололовска

Охрид викендов со интересни културно-забавни содржини, настаните се одржуваат согласно протоколите за заштита од Ковид-19

Ана Ололовска

Промоција на хумореската „Ѕврчки” од Крум Николовски

Ана Ололовска