Од денес до сабота, меѓународен хорски фестивал „Скопје Пее“ („Skopje Sings”)

Од:

Десет хорови од земјата и странство, на неколку локации низ градот, од денес до сабота со своите изведби ќе им се претстават на Скопје и на скопјани.

SKOPJE SINGS_LOGO Final

Во организација на ЈУ „Универзална сала“, со поддршка на Град Скопје, фестивалот има за цел да ја доближи хорската музика до граѓаните и вљубениците во музиката, на несвојствен начин, поставувајќи ја на улиците и плоштадите во Скопје.

На првиот меѓународен хорски фестивал „Скопје Пее“ (“Skopje Sings”), посетителите ќе можат да чујат извонредни хорски перформанси на класична музика, преку џез и рок ерата, сѐ до современата популарна музика.

Отворањето е закажано за денес со настап на хоровите во 21:00 часот на Школка во Градски Парк, утре (петок, 30.8.) дел од хоровите ќе настапуваат во 20:30 часот, како дел од Културното лето Карпош 2019 на плоштадот „Делфина“, а дел во 21:00 часот во Паркот на езерата, во склоп на Back to School Week настанот, организиран од Општина Аеродром.

„Скопје Пее“ (“Skopje Sings”) ќе го комплетира своето прво издание со свеченото затворање на фестивалот, закажано за 31-ви август (сабота), со настап на сите хорови во Македонската Филхармонија

Би можело да ве интересира

„Божиќен концерт“ во Офицерскиот дом во Битола

Ана Ололовска

Хорот и оркестарот на ООУ ,,Кузман Јосифовски – Питу од Скопје на Интернационалниот фестивал во Ричоне го освои првото место

Женскиот младински хор „Менада“ го одбележи јубилејот 40 години постоење

Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Ана Ололовска

Градскиот женски младински хор „Менада“ годинава бележи 40 години постоење

А1он

Μонашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на Меѓународен фестивал во Атина

Ана Ололовска