Обнова на фасадите на објекти од културното наследство во Гостивар

Од:

Со новиот изглед, старата медреса и куќата на Ахмет Чако како обејкти од културното наследството во иднина ќе бидат попривлечни за посетителите, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска при посетата на Гостивар, истакнувајќи дека на овој начин ќе се збогати културната понуда.

Министерката за култура денеска ги посети објектите кои се наоѓаат во ценатралното градско јадро врз кои во изминатиот период беа извршени санации и конзервации на покривни конструкции и фасадите, со што им е вратен автентичниот изглед.

– Заштитата на културно-историските споменици е меѓу приоритетите на Министерството и нашата основна заложба е вакви проекти да се реализираат во сите делови на Македонија. Особено сум благодарна на сесрдната помош на семејството Чако, кое се вклучи во обвновата со сопствени средства, рече Канческа-Милевска по посетата на двата реконструирани објекта во Гостивар.

Таа најави дека идната година во Гостивар ќе се работи и на обнова на фасадите на дваесет објекти во централното градско подрачје.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар